Astrohoroskop

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Генерална — Аутор astrohoroskop @ 12:33

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП
 

ОВЕН 
БИК 
БЛИЗНАЦИ 
РАК 
ЛАВ 
ДЕВИЦА 
ТЕРЕЗИЈА 
СКОРПИЈА 
СТРЕЛЕЦ 
ЈАРЕЦ 
ВОДОЛИЈА 
РИБИ 


Овен  21 Март ( Цутар ) - 20 Април ( Тревен )
Можеби и не е некое особено погодно време за прослава на родендените, но секој миг од животот е достоен за славење, велат старите книги, а ова што се се случува околу нас како да го потврдува истото. Планетарните состојби исто не се особено наклонети кон вашиот знак, посебно Марс од Скорпија, со многу тежок аспек со Сатурн од Бик. Аспектот укажува на сила и енергија која се манифестира како сила кон други, или пак се станува жртва на сила од други. Особено кога се во прашање вашите најголеми интереси и приоритети. Освен овој аспек, Марс има и тежок и неповолен аспект со Уран и Нептун. Овие пак укажуваат и на ненадејни изблици на бес, неконтролирана еруптивна сила, драматичност и пренагленост, големи опасности од машини и електрика, но и мешетарење, неискрености, кои пак, или се употребуваат кон други, или се жртва на истото, жестокост во одбраната на патриотските, националните и на тоа слични чувства, и тн. Потребна е голема самоконтрола, избегнуивање и повлекување од сите можни, опасни ризични ситуации и состојби, големо внимание во сообраќајот. На љубовен план, можни се сексуални излети вон од стандардните врски како и многу страсти, како резултат на зголеменото либидо. Здравје, не особено.

Бик 21 Април ( Тревен ) - 21 Мај ( Косар ) Родените од првата декада на знакот ќе мораат да внимаваат многу на сообраќајот, посебно ако имаат потреба од куси патувања. Но ќе мораат да внимаваат и на својата комуникација, посебно кон поблиските од семејството. Таа ќе биде груба, дрска и сосема несоодветна на изградените релации досега. Важно е да се посочи дека истата ќе биде без некој посебен мотив и причина. Внимавајте и на трговијата, во најширок смисол на зборот. Нема да ви оди од рака. Останатите од знакот ќе бидат насочерни кон домот, едниот родител, започнување или завршување на нешто ново на интимен план. На сите им е заедничка можностаља од пројавување на непотребна и најчесто неоснована љубомора од ваша страна. Можностите се такви што претполагаат каење штом нешто ќе расипете без многу можности за поправен. Ова посебно се однесува на вашиот љубовен живот, на вашата врска, која можете, со неколку геста, или постапки, да го расипете сосема, или да си оневозможите запознавање, или пак, започнување на врска со интересна личност од спротивниот пол. Здравје не особено.

Близнаци -+

Рак  22 Јуни ( Жетвар ) - 22 Јули ( Златец ) />Во почетокот и средината на периодот за родените во првите две декади, актуелни можат да бидат односите со партнерот. Чувствата кои вие ги добивате не ве задоволуваат многу, и во овој период ова може да биде темата околу која најмногу ќе ги губите нервите. За родените во третата декада од знакот актуелна може да биде поддршката која ја добиваат од партнерот за своите активности или пак поддршката која тие ја даваат на истиот. И во обата случаи може да дојде до расправии, особено ако за тоа постоеле наговестувања одпорано. Втора работа која не ви оди во полза е позајмувањето. Не позајмувајте од никого, но особено вие никому не му давајте пари на заем. Родените од третата декада на овој знак имаат реални можности, да завршат некоја активност со која биле ангажирани подолго време. Постојат можности за изненадувања на финансиски план но, тие нема да бидат особено благопријатни. Повеќето припадници на овој знак кон крајот на периодот ќе бидат преокупирани со односите со најблиските, особено со помладите членови на нивното семејство. Оние од првата декада, со разрешување на некои конкретни материјални прашања, а оние од втората декада, со разрешување на нивни прашања од сентиментален вид.

Лав  23 Јули ( Златец ) - 22 Август ( Житар )
Партнерствата од сите видови, ќе биде тема која највеќе ќе доминира во вашите животи во овој период. Пречки во ваквите односи можат да настанат единствено поради пари и финансии, иако ќе имате добра комуникација со сите, посебно со најблиските. Значи, расправии се можни и со интимниот и со деловниот партнер или партнери поради пари, некакви други вредности, во кои спаѓаат и личните вредности и ставови. Со пријателите пак, на истата тема, нема да имате многу среќа, посебно родените во првата декада од знакот. Можете да се најдете во улога на мировен судија помеѓу партнерот и вашите подалечни роднини, или партнерот на братот, сестрата, и вашите подалечни роднини. Комбинации има многу за вашиот можен ангажман на овој план, но и тоа ќе го обавувате успешно, што ќе биде многу битно и важно за во иднина. На интимен план, освен за наведената тема пари, ќе имате одлични комуникација со партнерот, а во таа смисла се и прогнозите за новите врски или случувања на љубовното поле. Можни се и доста куси патувања. Здравјето во солидна форма.

Девица  23 Август ( Житар ) - 22 Септември ( Гроздобер ) />Ова е период кога можете да имате доста непријатности со партнерот или со некакви настани врзани за него или неговата фамилија. Поради својот темперамент и психолошка коституција, своето незадоволство ќе го искажувате на драстичен и радикален начин што може да ги искомплицира односите, не само на партнерот или со членови од неговото семејство, туку и внатре во вашето семејството. Партнерот пак, поради заинтересираноста за случувањата во својата фамилија може да прави опструкции во заедничкиот живот, а тие вам да ви донесат доста разочарувања, пречки и тешкотии. Ова не е податен период за започнување на активности врзани за срцето и љубовта. Врските во овој период се од минлив карактер и немаат изгледи за нешто потрајно. Во своите домови морате да внимавате на ракување со запаливи течности, а на професионален план на обезбедување на работните простории од кражби и провали. Внимание е потребно и ако професионалната дејност ви е сврзана со недвижнини, земја или продуктите од неа во најширока смисла на зборот. Можни се психолошки проблеми поради лошо варење на храна и зголемено излачување на киселини.

Терезија  23 Септем. ( Гроздобер ) - 22 Октом. ( Листопад)
Роднините и то доста далечните, можат да ви го свртат вниманието во овој период. Во врска со ова најчета тема на разговори ќе биде здравствебната состојба на некој од вашите подалечни роднини, но ќе морате да потегнете и всрки и пријателства за средување на некаков здрвствен проблем на истите. Иако вие тоа навистина здушно ќе го правуите можете да имате пречки во комуникациите со блиските личности од вашето семејство, посебно брат, сестра или слично блиска личност, и тоа пак на споменатата тема. Поради замешување од страна на споменатите личности, работите можат и да не се одвиваат како што сте планирале, а целата одговорност и се разбира критика да падна на ваш грб. Ова е период кога се можни и подалечни патувања, и тоа поради забава, одмор и рекреација или поради професиоанални обврски, ако тие подразбираат, одење на студиски престој, семинар, курс, саем и слично. на њубовен план можни се доста драматични состојби со партнерот, кој може со право да ве обвини дека за се имате време освен за него. Здравствениот билтен зависи од вашиот нервен систем а тој е доста експлозивен.

Скорпија  23 Октомври ( Листопад ) - 21 Ноември ( Студен ) 
Кариерата, професијата, статусот, положбата, угледот, честа, реномето, работите од ваш најголем интерес "е бидат доминантни теми за овој период. Ваквите можности се изгледни веднаш по викендот. Темите ќе се наметнат ненадејно. Може да имате недоразбирања, расправии, а во некој случај и кавги со партнерот поради пријатели или пријателства, кои вашиот партнер не ги поддржува ниту одобрува. Од муабетењата за целисходоста и оправданоста на некакви пријателски односи може да се изроди и кавга. Ова посебно се однсува на врските во кои партнерите не се во брачен статус, а многу поретко кај сопружниците кои имаат формирано брачна заедница пред повеаќе години и кај кои врските и пријателствата се веќе заеднички. На полето на стекнувањата можни се ненадејни пресврти. Акјо очекувате големи пари, тие нема да дојдат, но ако очекувате нешто редовно има големи изгледи тоа и да се добие, иако ненајавено и вон од вашите очекувања. Би требело да внимавате на искажаното, посебно во афектни состојби и ситуации на работното место или меѓу најблиските од семејството, првенствено брат,сестра. Поради истото можете да бидете изложени на озборувања, а ако е во прашање шеф, авторитет и слично дури и на реперкусии. Здравје солидно.

Стрелец  22 Ноември ( Студен ) - 21 Декември ( Снежник )
Во овој период животот може да ви се одвива во гужви, трки, брзања. Иако всушност немате некоја особено гоклемна причина за брзање, вашиот темперамент ќе ви го налага токму тоа. На полето на стекнувањата и заработката, ќе се обидете да го надоместите поотрошено, а успешноста на истото зависи од вашата претходна ангажираност и организираност по ова прашање. Ако сте обезбедиле поддршка и врски отпорано, пари ќе има, но ако не сте, а очекувате некаков прилив на пари, работите ќе се одвиваат тешко, ќе губите многу време и енергија а резултатите ќе бидат речиси никакви. Од вас, можеби, ќе се бара некаква протекција или застапување на некаква потреба од пријател пред терто лице. Би требело да го сторите ова, и да му излезете во пресрет на пријателот, иако можеби ќе се работи за, по ваше мислење, банална работа. Сторете го тоа, пријателот ќе ви треба да во иднина. Но, фалите за стореното пред други, бидејќи може да имате повеќе штета оттколку сатисфакција. На љубовен план нема да имате успех, иако вие може да не верувате во тоа. И на здравјето морате посебно да внимавате.

Јарец  22 Декември ( Снежник ) - 20 Јануар ( Коложег )
На почетокот на овој период, за време на викендот, може да бидете соочени со неповолната здравствена состојба на подалечен постар роднина,едеен од родителите на вашите родители или друга баба, дедо, што кај вас може да предизвика различни чувства, најчесто доста нервозни реакции. И комуникациите со најблиските може да биде исто така нервозна па да сторите непотребни баласти во доносите за во иднина. Можни се и куси патувања на оваа тема, или слична на истата, но може да се случи да патувате поради трговија, некаков испит, некакви документи им слично. Кон средината на перидот, вашето внимане може да се пренасочи кон други теми, како на пример, непријателите на вашите пријатели, или некакви нивни незгоди, ограничувања, тајни. Но и во овој случај, ќе треба да внимавте на сопствената комуникација со пријателот, бидејќи таа нема да соодвтствува на вашата грижа, и можете да бидете погрешно разбарни и толкувани. Во љубовната сфера, потребна ќе ви е дискерција, посебно ако се работи за врска која тукушто ја започнувате. Во стандардните пак врски, можни се чудни по мналку таинствени однесувања на партнеротм, кој пак за истото може да ве обвини вас, Здравјето добро, но сепак можете да имате многу контакти со болници, амбуланти и слично институции од таков вид.

Водолија  21 Јануари ( Коложег ) - 18 Февруари ( Сечко )
Во периодов кој е пред вас, можете да бидете исклужително неодлучни и колебливи по низа прашања, од кои најчето ќе се наметнуваат пријателските односи, чувствата на другите кон вас, децата на другите, парите и вредностите. Во секој случај околу наведените прашања ќе се создаваат состојби и ситуации во кои ќе бидете пред задачата да завземете став, одлука, решение. Тоа нема да биде така лесна задача како што можеби во моментов размислувате. Со пријателите едноставно нема да имате среќа и разбирање, може да имате многу полемики и убедувања околу некои основни човечки, морални вредности, но можеби и околу материјалните, во прв ред секако парите. Во овој период мож еда имате проблеми со телесната тежина, поради големата глад која може да ја почувствувате,посебно по слатки работи. Ако не водите сметка, многу бргу, за недела две, можете драстично да ја зголемите својата тежина. Секако, ова е би требело да е позначајно на женскиот дел од оваа популација, но наведеното се однесува на двата пола подеднакво. На куси патишта не тргнувајте, бидејќи ви се изгледни проблеми или со возилото или со сообраќајната полиција. Притисокот може да не ви е во најдобар ред.

Риби  19 Февруари ( Сечко ) - 20 Март ( Цутар )
Можеби ќе имате финансиски проблеми во перидоов пред вас, но вашите потенцијали и можности ќе излезат на крај со истите. Ова сепак во најголема мерка се однсува на родените од втората декада на знакот, кои имаат и најмногу можности за гуибитоци на пари, во прв ред, но можни се губитоци и надруг вид вредности. Економичноста ви е главен адут во овој период, како и рационалноста. Останете такви и ќе бидете задоволни нешто подоцна. Не потклекнувајте на настојувањата на вашата поблиска или подалечна околина, во прв ред блиски пријатели и другари, за некаков трошок кој вам ви изгледа отповеќе, макар да е и минорен. Успешни Ќе бидат оние кои се занимаваат со големи финансиски трансакции и зделки, оние родени во овој знак кои се занимаваат професионално со политика, наука образование. Но, овие се сепак малцинството од овој знак. Вие знаете да ги држите во тајност работите, па нема причина зошто тоа би било поинаку и со вашите финансии. На љубовен план поволни ветришта, но не очекувајте случувања преку ноќ. Можни се, и ќе бидат успешни новите започнувања на врска, но големи тешкотии со стандардниот партнер посебно ако очекувате од него некаква поддршка за некоја нова активнот. Здравјето на близок не е во најдобар ред.
          Ако сте заинтересирани за индивидуални астро-консултации јавете се на

          Илија  +38970 617 596. 


Powered by blog.rs