Astrohoroskop

H O R O S K O P

Генерална — Аутор astrohoroskop @ 13:21

ОВЕН Се чувствувате незадоволни и неисполнети. Многу работите, а малку заработувате. Бидете подготвени да прифатите интересна понуда. Некој од вашите соработници навистина ви е пријател и се грижи за вас. Многу ќе ве расположи изненадувањето што ви го приредил партнерот. Уживајте во убавите моменти и особено посветете внимание на своето здравје. Бик-патување

 

БИК Бидете трпеливи во желбата да се докажете колку вредите. Кога ќе дојде време ќе бидете наградени. Ако се наметнувате, тогаш многу лесно ќе може да дојдете во судир со соработниците. Изминатиот период сте имале емотивни и работни проблеми, па веста дека треба да заминете некаде на пат, многу ќе ве израдува. Здравје: одлично, повеќе движете се и спортувајте.

 

БЛИЗНАЦИ Размислувате за личноста со која моментно се забавувате. Наместо егоистичен пристап кон нештата, посветете поголемо внимание кон потребите и на другите. Не се истакнувате со благонаклонетост, па дури и ќе одбиете некој пријател кому вашата помош многу ќе му значи. Направете анализа на своите постапки и потрудете се да промените некои навики. Здравје: чувствително.

 

РАК Денот нема да ви биде многу поволен и затоа ако можете одморете се и добро наспијте се. Планетарните аспекти се минливи и променливи, па бидете потрпеливи и почекајте поповолни моменти. Моментно шансите се многу мали ако сакате да успеете во некој проект. Иднината е пред вас, па наскоро очекувајте подобри времиња. Не трошите ги парите на непотребни нешта.

 

ЛАВ Финансиската загуба не треба да ја прифатите како личен пораз, туку како добра можност да ја промените својата тактика. Нема причина да бидете загрижени и не тревожете се, туку почекајте подобра шанса. Вашето внимание е насочено кон личноста што ве исполнува и ве обожава. Посветете му повеќе внимание на партнерот и изненадете го со подарок и уживајте во заедничките моменти.

 

ДЕВИЦА Вашите довчерашни претпоставки најпосле ќе станат реалност. Ќе почувствувате голема самодоверба при средбите со соработниците. Не дозволувајте други да ви наштетат на вашиот успех, докажете ги своите интелектуални или практични способности. Слободно именувајте ги нештата и луѓето што ви значат и ве чинат среќни. Здравје: отидете на прошетка. Здравје - повеќе сон

 

ВАГА Полни сте со нови идеи и желба за нов почеток. Толку сакате да успеете што дури и немате чувство колку сте наметливи врз околината. Можеби треба да промените некои стари навики. Побарајте совет од партнерот и покажете му колку ви значи неговото мислење. Направете заеднички план од кој ќе имате заемна полза. Попладнето поминете го во друштво со пријателите.

 

СКОРПИЈА Имате потреба и желба саканата личност да ја држите под контрола. Немојте да бидете љубоморни зашто така само ќе западнете во похаотична ситуација. Бидете оптимисти и надевајте се на најдоброто. Постапувајте разумно и пријатно изненадете ја саканата личност. Подгответе се за бурна ноќ исполнета со љубов и нежности. Здравје: солидно, внимавајте на исхраната.

 

СТRЕЛЕЦ Постапката која за вас претставува едноставно решение, за некој друг е премногу комплицирана процедува. Па затоа прифатете го компромисното решение за некои заеднички прашања. Премногу очекувате од ветувањата на другите, што може многу да ве разочара. Посветете внимание на соработникот кој често ги менува изјавите и расположението.

 

 ЈАРЕЦ Незадоволни сте, но и ви недостига цврстина и упорност за да се изборите за тоа што ви е премногу важно. Најлесно е да се жалите и да бидите незадоволни. Треба максимално да се ангажирате ако сакате да успеете навреме да ги реализирате посакуваните цели. Мора повеќе да дејствувајте, а помалку декларативно да се залагате за работата. Здравје: добро.

 

ВОДОЛИЈА На работното место ве очекуваат помали проблеми, но моментно најмногу ќе ве загрижуваат материјалните тешкотии со кои се соочувате. Ако ви биде понудена помош, тогаш не ја одбивајте. Во љубовта ве очекува разочарување зашто премногу сте очекувале од вашиот партнер и сте верувале невозможни работи. Време е да се отрезните и да се сакате самите себеси.

 

 

РИБИ Деловните односи ви напредуваат, но без поголемо ангажирање и борба не можете да дојдете до посакуваната цел. Ќе се соочите со реални проблеми и ќе постигнете брзи, но површни успеси. Преиспитајте ги постапките. Здравје: влошено, можни се сериозни компликации со белите дробови. Навреме побарајте лекарска помош и придржувајте се до терапијата.


Powered by blog.rs